Серија земјотреси ја погодиле Бања Лука на 26 и 27 октомври 1969 година. Земјотресите започнале со невообичаено силен потрес ноќта на 26 октомври во 02:55 часот. Предшоковите продолжиле во следните часови , а мали потреси имало до 08:53. Главниот потрес се случил во 16:36 часот. Хипоцентарот бил 20 километри под градот со моментна магнитуда од 6.1 максимален интензитет на меркалиева скала од VIII (Разорен). Земјотресот бил проследен со јачина од 6,1 степени ден подоцна. Земјотресот е категоризиран како двоен земјотрес.

Штета Материјалната штета била голема; целосно биле уништени 86.000 станови. Големи штети имало и на училишните (266), културните (146), здравствените (133), социјалните и објектите на јавната администрација (152). Економијата претрпела значителни загуби. Во следните години сите компании работеле со значително намалени капацитети, а некои целосно го прекинале производството.

Автобуси ги возеле основците и средношколците од Бања Лука низ различни делови на поранешна Југославија за да продолжат со школската година . Наскоро започнала реконструкцијата и рехабилитацијата на опустошените згради, градската инфраструктура била обновена и започнала брза урбанизација. 

На крајот потврдена е смртта на 15 лица од Бања Лука, а повредени се 1.117 лица.

Поврзано

Список на земјотреси во 1969 година Земјотрес во Петриња во 2020 година

Наводи

Категорија:Бања Лука