Света Матрона () — црква во селото Пилкати, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.

Оваа убава камена црква е изградена во 1873 г. според натписите со камени релјефи над прозорот и над влезот. Камената трикатна камбанарија е изградена во 1903 г. заедно со онаа на „Успение на пресв. Богородица“ во Јановени. Славата била на 2 мај и 9 ноември.

На крајот од Граѓанската војна во 1949 г. селото е бомбардирано и црквата настрадала. По напуштањето на Пилкати по војната, во црквата се населиле овчари кои предизвикале пожар во кој изгорела нејзината внатрешност заклучно со вредниот иконостас од времето на изградбата. Исчезнале и киворот од околу 1600 г. и киворот на Свети Алексеј украсен со 7 – 8 кг сребро. Спасени се резбаниот парапет на балконот и неколку икони.

Во 1980 г. храмот е обновен со средства на пилкатците иселени во САД и Австралија. Денес нејзиниот празник е во средината на август.

Поврзано Костурска епархија

Наводи

Матрона Хиоска, Пилкати Матрона Хиоска, Пилкати Категорија:Појавено во 1873 година