Свети Атанасиј () — црква во селото Слимница, Костурско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Костурската епархија на Цариградската патријаршија.
Величествената црква е изградена во 1872 г. на рид во Долното Маало на Слимница. Годината е напишана на камен релјеф со цвеќиња и мали глави. Внатре има голема женска црква, но нема живопис. Храмот има исклучително вреден резбан иконостас, како и резбан и насликан амвон. Спроти црквата има воен споменик.
Поврзано Костурска епархија
Наводи
Надворешни врски Слика од црквата „Св. Атанасиј“
Атанасиј, Слимница Атанасиј, Слимница Категорија:Појавено во 1872 година