Света Троица () — црква во селото Долно Тодорак, Кукушко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.
Историја мини|лево|Страшниот суд Црквата е изградена на сретселото во 1805 г. како што е наведено на денес изгубен натпис. Унијатскиот свештеник од с. Куклен, Бугарија, населено од долнодоторчани, напишал во неговата историја на парохијата „Света Троица“:
Архитектура и внатрешност Храмот претставува трикорабна базилика со галерија. На исток завршува со полукружна апсида со сопствен покрив. Нишите на жртвеникот и ѓаконикот не излегуваат од источниот ѕид. Покривот е на две води со засеци на источната и западната страна. На југозападната страна има шестаголна камбанарија во вид на кула од тврдина. Влезот е од западната страна преку скалиште о десет скалила, и од јужната со две скалила. Над вратата на јужниот ѕид има фреска со Светото Тројство насликана во XIX век. Земјените бои и темносината кои ги употребил творецот го покажуваат навлегувањето на елементи на световната уметност во духовната.
Внатре црквата се дели на три кораба со два реда колонади од четиристрани дрвени столбови и дотерани со додадено дрво и нанесен гипис за да изгледаат цилиндрични. Во наосот има малку прозорци, а окното во нишата исто така недоволно го осветлува олтарот. Во нишата на апсидата се претставени Богородица Патеводителка со Христос, а околу неа два ангела. Подолу се јерарсите. Фреските се нови, дело на свештеникот Јоанис Спиридонидис. Сводот на средишниот кораб е украсен со претставата на Христос Седржител во четираголна рамка. Христос благословува со двете раце и носи црвен хитон. Во долниот крај на претставата стои посветата „Дар од Георгиос Хаџконстантинидис 1958“.
Во погорните подрачја на северниот кораб се гледа винова лоза со листови и гроздови, кои обвиткуваат медалјони со евангелисти и светци. Фреските се од XIX век.
Наосот е одвоен од олтарот со дрвениот иконостас, потпрен на првиот пар столбови од источната страна. Иконостасот е изрезбан и насликан, особено оградата, со симболични теми од источно и западно потекло. Над царските икони е Јесеевата фиданка, а погоре се Апостолите и Дванаесетте празници. На царските двери е претставена Тајната вечера. Десно од крстот е Предавството на Јуда, а лево е Воскресението Христово.
Амвонот, кој е од XIX век, се потпира на третиот столб на северната колонада. Има призмовиден облик, кој надолу се менува во полуконус и завршува со змејска глава. Однадвор е украсен со светци во полн раст — Свети Лаврентиј, Свети Стефан, Свети Роман и други). Во средината на челниот дел има релјефна гулабица со раширени крилја, на кои ѓаконот го потпира Евангелието. Владичкиот престол со деспотската катедра исто така е од XIX век и е украсен со резба во горниот страничен дел, а потпирачите за рацете завршуваат со змејски глави. Просикинитарот на храмот е од 1818 г. и во долниот дел има цветни украси својствени за XIX век, а горниот дел е од разбано дрво.
Црквата има сребрено евангелие со димензии 36,5 × 27 × 3 см од 1840 година, издание на печатницата „Феникс“ од Венеција, второ издание на оригиналот од 1833 г.
Храмот е прогласен за заштитен споменик на 28 април 1983 г.
Поврзано Полјанско-кукушка епархија
Наводи
Троица, Долно Тодорак Троица, Долно Тодорак Категорија:Споменици на културата во Кукуш (општина) Категорија:Појавено во 1805 година