Воздвижение на Чесниот Крст () — црква во селото Станица Аканџали, Дојранско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Полјанско-кукушката епархија на Цариградската патријаршија.

Во 1930 г. во селото Чаали доселените Грци од Турција изградиле црква. Со постепеното населување на жителите од околината, Чаали е припоено кон Станица Аканџали, а старата црква станала премала за да се задоволат потребите. На 30 ноември 1975 г. на сретселото во Станица Аканџали е удрен камен-темелникот на црквата „Воздвижение на Чесниот Крст“. Првата литургија е отслужена на 5 септември 1982 г., а црквата е осветена на 10 април 1983 г. Изградбата е финансирана од мештаните и голем број иселеници.

Во дворот на храмот има параклис „Св. Катерина“. Гробишната црква „Св. Лазар“ исто така е параклис на храмот.

Поврзано Полјанско-кукушка епархија

Наводи

Константин и Елена, Аканџали Константин и Елена, Аканџали