Coffea arabica, познато како арабика, ― вид на цветно растение од семејството на кафиња броќови (Rubiaceae). Се верува дека тоа е првиот вид на кафе што бил одгледуван и во моментов е доминантна сорта, што претставува околу 60% од светското производство. Кафето произведено од (помалку кисело, повеќе горчливо и со повисока концентрација на кофеин) зрно на видот робуста (C. canephora) го сочинува најголемиот дел од преостанатото производство на кафе. Арапското кафе потекнува од Етиопија и првпат се одгледувало во Јемен, а документирано е во 12 век.Meyer, Frederick G. 1965. Coffea arabica е наречено (бун) на арапски, позајмен од оромскиот „буна“.

Таксономија Coffea arabica првпат научно го опишал Антоан де Жусје, кој го нарекол Jasminum arabicum откако проучувал примерок од Ботаничката градина во Амстердам. Линеј го сместил во родот Coffea во 1737 година.

Coffea arabica е единствениот полиплоиден вид од родот Coffea, бидејќи носи 4 копии од 11-те хромозоми (вкупно 44), додека останатите диплоидни видови имаат по 2 копии. Поточно, Coffea arabica сама по себе е резултат на хибридизација помеѓу диплоидите Coffea canephora и Coffea eugenioides, што го прави алотетраплоид, со две копии од два различни геноми. Овој настан на хибридизација на потеклото на Coffea arabica се проценува помеѓу 1,08 милиони и 543.000 години и е поврзан со променливите услови на животната средина во Источна Африка.

Опис Дивите растенија растат помеѓу 9 и 12 м во височина и имаат отворен систем на разгранување; листовите се спротивни, едноставни, елипсовидно-овалести до долгнавести, 6-12 см долги и 4-8 см широка, сјајни, темно зелени. Цветовите се бели, 10-15 мм во пречник и растат во аксиларни соцветија. Плодовите се месести, широки 10–15 мм во пречник, светло-црвени до виолетови кога се созреани и обично содржат две семиња, често наречени зрна кафе.

Распространетост и живеалиште Ендемска за југозападните висорамнини на Етиопија, Coffea arabica сега е ретка во Етиопија, додека многу популации се чини дека се од мешани домородни и засадени дрвја. Coffea arabica денес се одгледува во десетици земји помеѓу Јужниот Повратник и Северниот Повратник. Донесена е и од висорамнината Бома во Јужен Судан. Coffea arabica се наоѓа и на планината Марсабит во северна Кенија, но не е јасно дали овде видот природно се развива или е донесен; неодамнешните студии го поддржуваат второто. Видот е широко одомаќинет во области надвор од неговата домородна земја, во многу делови на Африка, Латинска Америка, Југоисточна Азија, Индија, Кина и различни острови на Карибите и во Тихиот Океан.Kew World Checklist of Selected Plant Families, Coffea arabica

Зачувувањето на генетската варијација на C. arabica се потпира на зачувување на здрави популации на диво кафе во Афропланинските дождовни шуми во Јемен. Генетските истражувања покажаа дека одгледувањето на култивирани сорти го загрозува генетскиот интегритет на дивото кафе бидејќи ги изложува дивите генотипови на хибридизација. Речиси целото кафе кое се одгледувало во текот на изминатите неколку векови потекнувало од само неколку диви растенија од Јемен, а денес кафето што расте на плантажите ширум светот содржи помалку од 1% од разновидноста содржана во дивината на Јемен.

Историја

Првиот пишан запис за кафе направено од печени зрна кафе, доаѓа од арапските научници, кои напишале дека тоа е корисно за да ги држи будни со што биле способни да работат подолго време. Арапската новост во Јемен за правење пијалак од печени семиња, најпрво се раширил меѓу Египќаните и Турците, а подоцна низ светот. Други научници веруваат дека растението кафе било воведено од Јемен, врз основа на јеменската традиција според која во „удеин“ („двете гранчиња“) во Јемен во предисламско време биле засадени резници на кафе и кат (Catha edulis).Western Arabia and the Red Sea, Naval Intelligence Division, London 2005, стр. 490 Производството на Coffea arabica на територијата на денешна Индонезија започнало во 1699 година преку ширењето на трговијата во Јемен. Индонезиските кафиња, како што се суматранското и јаванското, се познати по тешкото тело и ниската киселост. Ова ги прави идеални за мешање со кафиња со повисока киселост од Средна Америка и Источна Африка.

Одгледување и употреба мини|Ботанички цртеж на Coffea arabica, кој датира од околу 1860 година. десно|мини|Ботанички цртеж на C. arabica, кој датира од околу 1880 година. Coffea arabica сочинува 60% од светското производство на кафе.

На растението C. arabica му требаат приближно седум години за целосно созревање, а најдобро се развива при врнеши од 1,0-1,5 метри, рамномерно распоредени во текот на годината. Обично се одгледува на надморска височина помеѓу 1,300 и 1,500 м, но има насади кои растат ниско на морско ниво и на надморска височина повисока од 2,800 м.

Растението може да толерира ниски температури, но не и мраз, а најдобро се развива на просечна температура помеѓу 15 и 24 °C. Комерцијалните сорти претежно растат само до околу 5 м, и често се отсечени до 2 м за да се олесни бербата. За разлика од Coffea canephora, C. arabica претпочита да биде одгледувана во светла сенка.

Видови мини|Структура на плод од кафе:1: Средиштен дел на плод2: Ендосперм 3: Епидермис 4: Ендокарп 5: Пектински слој6: Мезокарп 7: егзокарп Една сорта на Coffea arabica природно содржи многу малку кофеин. Додека семенката од нормалните растенија C. arabica содржи 12 мг кофеин по грам сува маса, овие мутанти содржат само 0,76 мг кофеин по грам, но со вкус сличен на вообичаеното кафе.

Закани Иако во моментов има многу голема дива популација од 13,5 до 19,5 милијарди единки низ нејзиниот ареал, C. arabica сè уште е сметана за загрозена на Црвениот список на МСЗП поради бројните закани со кои се соочува. Поради тоа што е растение кое расте во катот на грмушки, бара постојана шума, што го прави многу подложно на историските значајни нивоа на уништување на шуми во Етиопија. Пред големото уништување на шумите, се сметаше дека шумската покривка изнесува помеѓу 25 - 31% од вкупната површина на Етиопија, но сега брои само 4%, а уништувањето на шумите сè уште продолжува. Дополнително, климатските промени може да имаат голем ефект врз областите на растење на дивата C. arabica во Етиопија поради неговата висока температурна чувствителност, а проценките покажуваат дека бројот на популацијата може да се намали за 50 - 80% со намалување од 40 - 50% во површина на распространување до 2088 година; климатските промени може да влијаат и на репродуктивниот успех. Дополнително, главниот штетник на кафето, Hypothenemus hampei може да има корист од климатските промени и да ги колонизира повисоките надморски височини кои порано биле премногу студени за него, што исто така може да влијае на популацијата на кафето.

Климатските промени, исто така, служат како закана за култивираниот C. arabica поради нивната температурна чувствителност, а некои студии проценуваат дека до 2050 година, повеќе од половина од земјиштето што се користи за одгледување кафе би можело да биде непродуктивно. Потолерантен на топлина Coffea stenophylla може да го замени C. arabica како доминантен вид кафе во одгледувањето со цел да се заштити од тоа.

Галерија

Категорија:Таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј