Планинарски дом „Неолица“ — планинарски дом во Македонија, сместен на надморска височина од 1.440 метри, под врвот Неолица, на планината Баба.

Местоположба Домот се наоѓа на надморска височина од 1.440 метри под врвот Неолица (1885 m), на околу 8 километри од градот Битола.

За да се стигне до планинарскиот дом „Неолица“ од Битола треба да се мине низ селото Лавци, каде може да се остави колата, и за приближно 2 часа пешачење се стигнува до него. или пак преку селото Буково, од каде се стигнува за 3 часа.

Особености Планинарскиот дом располага со вкупно 48 кревети, голема трпезарија, кујна, затоплување на дрва, струја, вода. Тоалетот е јавен надвор од домот.

Планинарскиот дом работи за време на викендите во текот на целата година.

Патеки Од планинарскиот дом може да се продолжи до други локации во националниот парк: Планинарски дом Неолица – Врв Неолица – 1 ч 30 мин Врв Неолица – Скрково – 1 ч Скрково – Муза – 1ч 20 мин Муза – Орлови Бари – 30 мин Орлови Бари – Големо Езеро – 2218 м – 1 ч

Наводи

Категорија:Планинарски домови во Македонија Категорија:Национален парк Пелистер