Ѓозлеме () — јадење од турската кујна. Традиционално се прави од тесто, а рачно сучените кори се полнат со фил, кој најчесто е сирење или урда.
Корите се виткаат во квадрат и се печат на голем плех додека не се појават мали црно-кафени дамки на нив. Точките изгледаат како мали очи (на турски: ), па оттука и неговото име.
По печењето од двете страни корите се полеваат со раствор од путер или масло, павлака и потсолена топла вода, некаде се користи млеко наместо вода. Корите ја впиваат течноста и омекнуваат, па се вадат од плехот.
Во модерната кујна, филот е разновиден, со користење на различни производи како зеленчук, месо и различни видови џем.
Слики
Наводи
Категорија:Балканска кујна Категорија:Турска кујна Категорија:Турцизми Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ