„Ран снег во Минхен“ (српскохрватски: Rani snijeg u Minhenu) — филм од 1984 година, режиран од Богдан Жижиќ. Главните улоги ги играат: Драго Гргечиќ, Павле Вуисиќ и Ива Марјановиќ.Рани снијег у Минхену (пристапено на 15.5.2022).
Синопсис Пред 16 години, едно двадесетогодишно момче (го игра Гргечиќ) дошло во Минхен заедно со родителите и во меѓувреме навикнал на луѓето и на местото. Меѓутоа, неговиот татко (го игра Вуисиќ) е приврзан кон татковината и во своето родно место гради куќа и автомеханичарска работилница за синот. Момчето има поинакви планови и не сака да ја напушти Германија. Како што се ближи денот на враќањето во татковината, меѓу момчето и таткото доаѓа до голема кавга. Момчето сака да се ожени со својата девојка, која е Германка. Бидејќи таткото не присуствува на венчавката, момчето оди да го побара и го наоѓа мртов во станот каде што извршил самоубиство.
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Хрватски филмови Категорија:Филмови на Богдан Жижиќ Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Минхен Категорија:Филмови од 1984 година Категорија:Филмови со Ива Марјановиќ Категорија:Филмови со Павле Вуисиќ Категорија:Филмови со Драго Гргечиќ