Свети Теофан () — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата се наоѓа во маалото Алонија, во дворот на III училиште (Галакиево училиште).
Првобитната градба е подигната во османлиско време и во подрумот, кој е зачуван до денес, имало скривница и тајно улилиште. Обновена е со пари подарени од Григориос (Галакис) Лонгос и целото негово семејство. Црквата е посветена на Теофан Нови Светогорски, покровител на Негуш. Изградена е за три месеца од 1965 до 1966 г. Трошокот на изградба изнесувал 35.000 драхми, собрани од верниците и од лотарии.
Градбата претставува обична засводена базилика со површина од околу 50 м2.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Теофан Теофан, Негуш Категорија:Појавено во 1966 година