Свети Сава () или Пресвета Владичица Богородица (Παναγία Κυριώτισσα) — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Претставува еден од најважните византиски споменици во градот. Има улога на парохиски храм.
Храмот е изграден во XIV век. Првично бил трикорабна базилика со дрвен покрив. На почетокот на XIX век на неколку наврати е преуредуван. Од првобитниот храм денес постојат источниот ѕид и ѕидовите на жртвеникот и ѓаконикот, какко и апсидата со впечатлива керамопластични украси, на која со тули е напишано „ПАЛЕОЛОГИНА“ (ΠΑΛΑΙΟΛΟΓΙΝΑ). Внатре се зачувани фрески од XIV век, впеатливи по својот реализам, како и вредни византиски икони. Долги години црквата била позната како „Пресв. Владичица Богородица“.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Сава Сава, Бер Бер