Ремина (Jigokusei Remina , англиски: Hellstar Remina) е јапонска манга напишана и илустрирана од Џунџи Ито. Била серијализирана од Биг Комик Спиритс од септември 2004 до јули 2005, и објавена во еден том.

Содржина По откривањето на мистериозна непријателска планета која е на пат кон Сончевиот Систем, Ремина, ќерката на научникот кој ја открил, се наоѓа себеси предмет на слава и обожавање откако нејзиниот татко избира да ја именува планетата по неа. Меѓутоа, како што станува јасно дека Ремина е на судир со Земјата, а исто така се чини дека уништува буквално сѐ што ќе ѝ се најде на патот, ова обожавање се претвора во страв, а потоа во убиствено лудило. На крајот, планетата Ремина се приближува до Земјата и вистината се открива. Наместо нежива планета, Ремина е организам со големина на планета, кој има намера да го измачува човештвото пред да ја потроши Земјата во целост. Гледајќи во смртта на секој чекор со само загадочен бездомник како нејзин сојузник, Ремина мора да побегне од остатокот на човештвото и да се бори за својот опстанок откако ќе избега од распнувањето од толпата што го убива нејзиниот татко, предводена од злонамерен култ кој верува дека жртвувањето на Ремина ќе донесе крај на катаклизмата што ја донел нејзиниот имењак.

Објавување Мангата е напишана и илустрирана од Џунџи Ито. Била серијализирана во Биг Комик Спиритс од 16 септември 2004 до 24 јули 2005 година. Шогакукан ја објави серијата во еден том танкобон, кој бил објавен во Јапонија на 22 јуни 2015 година.

Во 2020 година, Виз Медија објавиле дека ја лиценцирале серијата за англиско објавување. Тие го објавија томот на 15 декември 2020 година.

Прием Ник Смит ја пофалил мангата, велејќи дека е „добро создадена“. Хелен Чазан од Комикс Џурнал, исто така, ја пофалила, нарекувајќи ја „неизмерно привлечна“ и „спојлива“. Ијан Волф од Аниме ОК Њуз, исто така, ја пофалил мангата, наведувајќи дека се чувствува како нешто ново од Ито, притоа давајќи го и хоророт по кој е познат. Мишел Смит од Манга Букшелф била покритична, изјавувајќи дека е заинтригирана од премисата, но смета дека мангата е невлијателна. Како дел од водичот за манга на Аниме Њуз Нетворк за есента 2020 година, Ребека Силверман и Кејтлин Мур ја прегледале мангата. Силверман ја пофалила, нарекувајќи ја „добра, застрашувачка приказна“, додека ја критикувала дека е „премногу дигната со нејзините слики“. Мур изјавила дека и таа уживала во серијата, но останала збунета од заплетот.

Во декември 2020 година, томот бил рангиран во првите десет графички романи за возрасни во листата на Соединетите Држави од НПД Груп. Исто така, била рангирана измеѓу првите десет на списокот на најпродавани дела на Њујорк Тајмс во категоријата графички книги и манга во јануари 2021 година. Истата година, серијата ја освоила наградата Ајснер, за најдобро американско издание на меѓународен материјал - Азија и била номинирана за Наградата Харви. Во 2022 година, таа била рангирана во првите десет графички романи од страна на Здружението за графички романи и стрипови на Американската библиотечна асоцијација.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Статии со текст на јапонски Категорија:Научна фантастика Категорија:Победници на Наградите Ејснер Категорија:Манга