Латен () — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Во Латен се наоѓал објектот за тестирање на пробна пруга за магнетнолебдечки воз „Трансрапид“.

Географија Местоположба

Латен се наоѓа помеѓу Дерпен и Харен на реката Емс и на каналот Дортмунд-Емс. Осум километри источно започнува Химлинг, шумски ридски масив.

Соседни општини

Латен се граничи на север со општините Фрезенбург и Ренкенберге, на исток со општината Зегел во истоимената општинска заедница, на југ со градот Харен и на запад со општините Оберланген, Зуструм и Нидерланген.

Општински единици

Покрај главното место Латен, кон општината припаѓаат местата Катен-Фракел, Хилтер, Катен-Зидлунг, Динефен и Латен-Ван.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Емсланд Категорија:Општини во Долна Саксонија