Лактулоза е не-апсорбилен шеќер кој се користи во третманот на констипација и хепатална енцефалопатија. Се администрира перорално во третманот на констипација и перорално или ректално во третманот на хепатална енцефалопатија. Дејството вообичаено му започнува по 8–12 часа, но може да бидат потребни до 2 дена до подобрување на состојбата.

Вообичаени несакани ефекти вклучуваат надуеност и грчеви. Постои можност за промени во електролитниот статус како резултат на причинетата дијареа. Не се пронајдени докази за штетност врз бебето кога се користи за време на бременоста. Генерално се смета за безбеден за време на доењето. Класифициран е како осмотски лаксатив.

Наводи

Категорија:Лаксативи Категорија:Јаглехидрати Категорија:Дисахариди Категорија:Неопходни лекови според Светската здравствена организација