Свети Димитриј () — црква во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е парохиски храм.

Црквата е изградена во 1835 г. според мермерната плоча, на која се споменати и дарителите Јован, Атанас и Васил. Градбата претставува трикорабна базилика без купола. Има убав резбан иконостас, кој според Димитар Ќорнаков е дело на Макариј Фрчковски.Ќорнаков, Д. Творештвото на мијачките резбари на Балканот од крајот на XVIII и XIX век. Прилеп, 1986, 182. Иконостасот е реставриран во 2008 г.

Васил К’нчов го посетил Горно Броди во 1891 г. и го забележал мермерниот под и квалитетот на резбата во црквата.

Во истата 1891 г. Георги Стрезов напишал дека во обете селски цркви („Св. Димитриј“ и „Св. Богородица“) се служело и на словенски и на грчки.

Во 1894 г. Бугарската егзархија ја добила црквата „Св. Димитриј“, а „Пресв. Богородица“ останала под Цариградската патријаршија сè до нејзиното целосно отфрлање во селото.

Во парохијата влегуваат и храмовите „Св. Варвара“, „Св. Никола“, „Пресв. Богородица Живоносен Извор“ и „Св. Дух“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Димитриј, Горно Броди Димитриј, Горно Броди Категорија:Појавено во 1835 година Димитриј, Горно Броди