Свети Јован Претеча () — црква во селото Белотинци, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во 1836 година. На источниот ѕид, на местото на стариот керамички натпис има нова мермерна плоча. Градбата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, типична за своето време. Во 1887 г. од западната страна е подигната импресивна камбанарија. Иконите на иконостасот се изработени во 1894 г. Според Георги Стрезов, во 1891 г. во црквата се служело и на словенски и на грчки.
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Јован Претеча, Белотинци Јован Претеча, Белотинци Категорија:Појавено во 1836 година