Свети Димитриј () — византиска црква во селото Шемолтос, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Архитектура Црквата е мала еднокорабна базилика со димензии 6,95 × 3,80 м. Низ времето доживеал разни преправки, и првобитната ѕидарија е зачувана само на висина 1,50 - 2 од подот. Таа е направена од камења и керамика, поставени несистематски и врзани со тврд малтер. Нагоре ѕидаријата е камена, без врзивен материјал. Внатре жртвеникот е изграден од тули. Во североисточниот агол на храмот се откриени фрески под денешниот слој.
Можно е да се работи за црквата Водица, спомената во хрисовула на Андроник II Палеолог од 1301 г. како сопственост на светогорскиот манастир Ватопед.
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Димитриј, Шемолтос Димитриј, Шемолтос