Голачки манастир „Св. Мина“ () — женски манастир кај селото Голак, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.

Манастирoт се наоѓа во југоисточното подножје на планината Сминица, на околу 1 км северозападно од селото Голак. Според пописот од 2001 г. во него живееле 5 лица.

Денешната манастирска црква е изградена во 1974 г., заменувајќи ја старата од 1959 г. Манастирот е официјално признаен во 1976 г.Περιχώρα. Μονή Αγίου Μηνά

Поврзано Зихненско-неврокопска епархија

Наводи

Категорија:Манастири во Просечен (општина) Категорија:Манастири во Зихненско-неврокопската епархија Категорија:Цркви во Просечен (општина) Категорија:Цркви во Зихненско-неврокопската епархија