Свети Ѓорѓи () — црква во селото Карлуково, Зихненско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.
Архитектонски особености Цквата се наоѓа на селските гробишта. До неа во 1910 г. е изградена „Св. Благовештение“. На плоча на западната страна е напишн даумот кога е завршен храмот — 16 октомври 1841 г. Тремот во прво време бил на запад и југ, но подоцна останал само на запад. Во 1893 г. е изградена самостојна камена камбанарија во која е вградена римска надгробна плоча. Внатрешноста на црквата претрпела многу промени. Зачуван е оригиналниот иконостас со резбани царски двери. Забележителен е и дрвениот балдахин на чесната трпеза.
Историја Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била врховенството на Цариградската патријаршија. Во средината на 1905 г. голем дел од селаните прешле на страната на Бугарската егзархија предводени од попот Иван Икономов.Трайкова, Весела. Андартството в Солунския вилает през 1906 г., в: Военноисторически сборник, бр.4, 2011, стр. 56.
По Младотурската револуција во 1909 г. жителите на Карлуково испратиле телеграма до Отоманскиот парламент во кои се пожалиле на просвојувањето на црквата и училиштето од дејците на грчката пропаганда.Македония. Сборник от документи и материали, Издателство на БАН, София, 1978, стр. 529.
Според Законот за спорните цркви и училишта од 1910 г. црквата ѝ припаѓа на заедницата која ја изградила, освен кога спротивниот табор сочинува двотретинско мнозинство. На 1 јануари 1911 г. храмот бил времено затворен додека не се утврди дали од верниците се егзархисти.
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Ѓорѓи, Карлуково Ѓорѓи, Карлуково Категорија:Појавено во 1841 година