Битка кај Лугош — битка која се одвила на 21 септември 1695 година во близина на градот Лугош во источен Банат, помеѓу силите на Отоманското Царство и силите на Хабсбуршката Монархија како дел од Големата турска војна.

Заднина мини|351x351пкс|Австрискиот фелдмаршал, Федерико Амбросио Ветерани ди Урбино, убиен за време на битката

До 1695 година, Отоманското Царство презело офанзива кон изгубените територии. Султанот Мустафа II наредил обновување на нападот во Трансилванија и неговата војска набргу потоа ја зазела Липова. Бранејќи го регионот Банат австрискиот фелдмаршал, Јохан Фридрих Амбросиус фон Ветерани логорувал блиску до Липова, со војска од 7.000 луѓе.Coxe, William (1820).

Битка Османлиите напредувале од Липова и се судриле со христијанската војска, генералот Ветерани не бил во можност да формира спој со царската армија на Саксонија на чие чело се наоѓал Август II Силниот. Битката предизвикала големи загуби на двете страни. Филдмаршалот Ветерани бил заробен од Турците и обезглавен. Во оваа битка загинале и капетанот Страхиња и Антоније Знориќ, команданти на единиците на српската милиција во рамките на австриската војска.

Последици Големата турска војна продолжила сè до смената на Август со Егениј Савојски како врховен командант и како последица на конечниот пораз на Отоманското Царство две години подоцна во Сента.

Наводи

Категорија:Судири во 1695 година Категорија:Европа во 1695 година Категорија:Битки на Светото Римско Царство Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки во Големата турска војна