Битката кај Олаш — битка која се случила откако Хабсбуршката царска војска предводена од саксонскиот генерален електор, Август II Силниот, го опсадила турскиот град Темишвар (денес во Романија). На 26 август 1696 година, откако дознал дека помошната војска на султанот Мустафа II го преминува Дунав кај Панчево, Август се откажал од опсадата и се упатил да ја пресретне османлиската војска. Битката кај реката Бегеј резултирала со нерешителност околу победникот откако двете војски се повлекле со големи загуби од двете страни. Стратешки, кампањата на османлиската војска може да се смета за успешна, бидејќи ја постигнала својата цел да го задржи Темешвар.
Битка Битката кај Улаш започнала доцна во денот, околу пет часот навечер. За време на битката, левото крило на хабсбуршката војска имала големи загуби, за разлика од централното и десното крило кое имала подобри резултати. Ноќта борбите престанале и следниот ден двете војски се повлекле од бојното поле. Царскиот командант Хајслер бил ранет или починал неколку дена подоцна по битката. 3.000 хабсбуршки војници биле убиени или ранети, а Турците изгубиле 4.000 луѓе.
Последици Битката завршила без победник, меѓутоа, откако Август бил принуден да ја крене опсадата на Темесвар, султанот извојувал победа и на тој начин можел да постигне оперативен успех. Според историчарот Тони Шарп, тешко е да се дојде до друг резултат за битката, Британскиот историчар Роберт Вилијам Сетон-Вотсон ја нарекол „неодлучна битка“, додека според Encyclopædia Metropolitana, енциклопедиското дело објавено од 1817 до 1845 година, „Турците ја извојувале победата иако на ниту една од страните не била донесена решена предност“.
Белешки
Наводи
Категорија:Европа во 1696 година Категорија:Судири во 1696 година Категорија:Битки во Големата турска војна Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Битки на Отоманското Царство Категорија:Битки на Светото Римско Царство