Боце Перески (, - , ) — македонски воен генерал.
Животопис Перески е роден на 22 август 1933 година во село Стровија, Прилепско, во земјоделско семејство од мајка Воња и татко Илија. Основно образование завршил во родното село, кое го завршил во 1946 година, а Офицерско воено хемиско училиште завршил во 1952 година. Школа за усовршување, од областа на атомска, хемиска и биолошка одбрана (АБХО) завршил во Крушевац, Р. Србија, во 1964 година, Командно-штабна академија на Копнената војска на ЈНА во 1968 година, а Школа за народна одбрана завршил во 1973 година.
Починал по кратко боледување на 21 септември 2025 година во Скопје.
Унапредувања Потпоручник (1952) Поручниик (1955) Капетан (1959) Капетан I класа (1962) Мајор (1968) Потполковник (1973) Полковник (1978) генерал-мајор (1987)
Должности Во својата кариера како армиски офицер, тој служел главно во СР Македонија, како припадник на ЈНА и како припадник на македонската армија по нејзиното создавање, па така, службата ја започнал во гарнизонот Скопје во 1952 година, а неколку месеци подоцна веќе се преселил во гарнизонот во Куманово (1952 – 1969 ), по што, повторно се враќа на служба во гарнизонот Скопје (1969 - 1973), па одново Куманово, од 1973 до 1974 година и како последна станица во кариерата, одново гарнизон Скопје, од 1974 година, па сè до неговото пензионирање во 1993 година. Во текот на службата извршувал повеќе должности: Командир на вод (1952 - 1955); Помошник на командир на чета (1956 - 1960); Командир на вод за АБХО и началник за АБХО во полк (1960 - 1962); Командир на чета за АБХО (1962 - 1968); Началник за АБХО во пешадиска дивизија (1968 - 1970); Командант на баталјон за АБХО (1970 - 1973); Началник за АБХО во 3. Воена област (1974 - 1981); Командант на Штаб за територијална одбрана на град Скопје (1981 - 1985); Командант на Командата за одбрана на град Скопје (1985 - 1986); Началник на Републички штаб за територијална одбрана на Р Македонија (1986 - 1988); Помошник на командантот за морално воспитување во командата на 3. Воена област (1988 - 1991);
Награди Медал за воени заслуги, 1955 година; Орден за воени заслуги со сребрени мечеви, 1961 година; Орден на Народната армија со сребрена ѕвезда, 1973 година; Орден за воени заслуги со златни мечеви, 1978 година; Орден на Народната армија со златна ѕвезда, 1984 година; Орден на братството и единството со сребрен венец, 1987 година.
Семејство Со сопругата Митра е во долгогодишен брачен живот, а татко е и на две деца, ќерка Светлана (1957) и син Владан (1965).
Наводи
Категорија:Македонски генерали Категорија:Југословенски воени лица