Битката кај Подхајци — битка која се одвила на 8-9 септември 1698 година во близина на Подхајци во Рутинското војводство за време на Големата турска војна. Полската војска од 6.000 војници на чело со Хетман Феликс Потоцки ја одбил татарската експедиција од 14.000 луѓе која била на чело со Каплан I Гирај. Недостатокот на доволен број лесна коњаница на полската страна спречило успешна потера на Татарите и нивните заробеници.

Тоа била последната полско-татарска битка и последната полска битка од Големата турска војна: само неколку месеци подоцна бил потпишан Договорот од Карловци.

Наводи

Категорија:Воена историја на Украина Категорија:Битки во Отоманско-полската војна (1683–1699) Категорија:Битки на Полска Категорија:Битки на Кримското Ханство Категорија:Судири во 1698 година Категорија:Европа во 1698 година