мини|десно|Рендеринг на Вселенската станица Тјенгунг според сегашната состојба. Тјенгунг () официјално Вселенска станица Тјенгунг (), е вселенска станица конструирана од Кина во нискоземската орбита, помеѓу 340 и 450 км над површината. Како прва долгорочна вселенска станица на Кина, таа е целта на „третиот чекор“ на кинеската вселенска програма за носење на екипаж во вселената. Откако ќе биде целосно завршена, Тјенгунг ќе има маса помеѓу 80 и 100 t, приближно една петтина од масата на Меѓународната вселенска станица и приближно со големината на деактивираната руска вселенска станица Мир.
Изградбата на станицата се базира врз основа на искуството добиено од нејзините претходници, Тјенгунг-1 и Тјенгунг-2. Првиот, односно централниот модул, Тјенхе („Хармонија на небото“), бил лансиран на 29 април 2021, по што следеле повеќе мисии со и без екипаж, и два други модула кои треба да бидат лансирани во 2022.
Наводи
Категорија:Вселенска програма на Кина Категорија:Вселенски станици Категорија:Космонаутиката во 2022 година