Наградата „Крсте Чачански“ била книжевно признание за необјавена збирка раскази кое се доделувало од Културниот центар „Бран“ од Струга и Ревијата за книжевност „Бранувања“ од 2011 до 2019 година.
Признанието го носи името на прозаистот и поет со струшко потекло Крсте Чачански (25 септември 1949 - 13 јуни 2003) и се доделувало истовремено со признанието за најдобар поетски ракопис „Јован Котески“ на манифестацијата Струшки книжевни средби.
Добитници Христо Петрески (2011) за збирката раскази „Пирамида. Лавиринт“
Милован Стефановски (2012) за збирката раскази „Ѓаволско море“
Петре Димовски (2013) за збирката раскази „Мисија“
Марина Мијаковска (2014) за збирката раскази „Куќички“
Добре Тодоровски (2015) за збирката раскази „Помен за едно време“
Васил Тоциновски (2016) за збирката раскази „Грлици“
Стефан Марковски (2017) за збирката раскази „Смртта долетува насмевната“
Владимир Плавевски (2018) за збирката раскази „Момини солзи“
Даниела Андоновска-Трајковска (2019) за збирката раскази „Кафе, чај и црвено небо“ Наводи
Категорија:Награди:Книжевност:Македонија Категорија:Македонски литературни награди Категорија:Македонски награди