Алфред Рапопорт – австроунгарски дипломат (генерален конзул) во Скопје (1900– 1909), помошник на Хајнрих Милер при спроведувањето на Мирцштешките реформи.

Автор на книгата „Во земјата на мачениците“ (Париз, 1927). Оваа книга е квалификувана како потресно сведоштво за едно неповторливо време, во неа се понудени факти и коментари за Македонија низ поглавјата: Илинден, Мирцштег, „Комитаџиите“, Битола, Скопје, Света Гора, Солун, етничка Македонија и македонското прашање.

Наводи

Категорија:Австриски дипломати Категорија:Родени во 1868 година Категорија:Починати во 1946 година