Мариина кула () — средновековна одбранбена кула во селото Ежово, Нигритско, Егејска Македонија.

Историја Кулата се наоѓа во северозападниот крај на селото. Изградена е во 1374 г. и се смета за живеалиште на Марија Бранковиќ, сопруга на султанот Мурат II и господарка на Ежово, каде починала во 1487 г.

Кулата е срушена во 1753 г. Во 1940-тите жителите на Ежово ја користеле за градежен материал. Во 1958 г. државата ја заштитила како споменик на културата.

По изглед Мариината кула наликува на Кучоската кула и Мармарската кула од 1367 г. Имала три ката и се користела за домување. Во зачуваниот дел на кулата нема влез, и очигледно тој се наоѓал на вториот кат.

Поврзано Светомаринска кула од средниот век, вон селото, исто така прогласена за споменик на културата

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кули во Егејска Македонија Категорија:Споменици на културата во Визалтија Категорија:Појавено во 1374 година