Свети Димитриј () — црква во селото Черпишта, Нигритско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е гробишен и парохиски храм, сместен во јужниот дел на селото. Изградена е во 1740 г. според натпис во олтарот. Подоцна настрадала во пожар и обновена е како базилика. Има живопис од XVIII век и резбани дрвени тавани. Иконите на иконостасот се изработени меѓу 1865 и 1885 г.
Во парохијата влегуваат и параклисите „Живоносен Извор“ и „Неракотворен Образ“.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Димитриј, Черпишта Димитриј, Черпишта Категорија:Појавено во 1740 година