мини|Луѓето од Охлони насликани од Луис Хорис Охлони, претходно познати и како Костаноани (од , крајбрежен жител) се племе на домородни Американци од севернокалифорнискиот брег. Кога шпанските истражувачи и мисионери пристигнаа во северна Калифорнија кон крајот на осумнаесетиот век, Охлоните ја населуваа областа од Санфранцискиот залив преку Монтерејскиот залив до долната Салинашка долина. Охлоните зборуваа повеќе различни јазици. Охлонските јазици се група во утијанското јазично семејство.
Охлоните денеска припаѓаат на повеќе географски различни групи со живеалишта во и надвор од нивната домородна територија. Припадниците на Тамиен нацијата се директни наследници на Охлоните од Сантакларската долина кои зборувале на тамиенскиот јазик. Племето Мавекма Охлони живее во Заливската област на Сан Франциско и се состои од Охлони кои потекнуваат во областа околу мисиите Сан Хосе, Санта Клара и Сан Франциско. Охлони Еселен нацијата се состои од потомци од мешани бракови меѓу Румсен Костаноани и Еселен племињата околу мисијата Сан Матео Боромео, со седиште во Монтереј. Други помали заедници на Охлони живеат во околните области.
Наводи
Категорија:Американци Категорија:Американски Индијанци Категорија:Етнички групи Категорија:Калифорнија