Свети Теодор Тирон и Теодор Стратилат () — средновековна црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Архитектура Црквата е сместена во центарот на градот и некогаш била катедрала на Сярската митрополија. Претставува голема правоаголна базилика со внатрешни димензии од 15,60 × 24 м, поделена на два дела од пронаос и наос. Внатрешноста е поделена на три кораба со два реда столбови .

Историја ляво|мини|250п|Друг поглед на храмот Првобитната градба веројатно е подигната во VI век. Се забележуваат трагите од мнојгукратните обнови. Натписот „ΙΕΡΟC Ο ΦΙΛΙΠΠΟC ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΗC ΤΟΝ CΙΚΟΝ ΕΔΟΜΗ [CΑΤΟ ΚΛΗCΕΙ ΘΕΟΔΩΡΟΥ ΜΑΡΤΥΡΟC ΤΟΥ ΚΑΛΛΙΝΙΚΟ[Υ]“ каде се споменува маченикот Теодор, укажува на осветување на храмот во XI или првата третина на XII век. Од крајот на IX век светецот добива две лица — Теодор Тирон и Теодор Стратилат. Првично била базилика со трансепт, која е видоизменета за време на царот Василиј II — жртвеникот добил лакови, а шест обоени столбови го држат оловниот покрив и истовремено го делат храмот на три кораба. Веројатно црквата настрадала при заземањето на Сер од бугарскиот цар Калојан во 1205 г. Во 1221 г. со градот завладеал епирскиот деспот Теодор Комнин Дука, кој го збогатил храмот со убави мозаици. Во 1255 г. никејскиот цар Теодор II Ласкарис ги опковал иконите во црквата со сребро како благодарност кон светците за тоа што му помогнале во освојувањето на Мелник кој паднал во бугарски раце. Храмот има раскошни украси; Јован Педиасим ги опишал мермерната преграда на олтарот, владичкиот престол, одделчувачките зелени столбови, мозаиците, столбовите на олтарниот влез и.т.н.

Во црквата има вредни садови, икона на Богородица, позлатен крст, денес изложен во Национален историски музеј во Бугарија, позлатените черепи на Теодор Тирон и Теодор Стратилат, нивните мечеви и коскениот жезол на патријархот Генадиј Схолариј.

Во 1571 г. храмот е ограбен од Турците и претрпел големи штети. Во 1602 г. митрополитот Теофан Флорас го изградил западниот ѕид, кој денес е почетон на нартексот, како и женската црква, за што сведочи летописецот Синодин Попсидеров. Истата година мермерниот иконостас е заменет со дрвен, што било распространето во тоа време. Новиот иконостас, за да ги интегрира органски жртвеникот и ѓаконикот во олтарниот простор без столбовите на мермерниот иконостас, е застанат на основа пред триумфалната арка и го опфаќа просторот каде биле иконите на Христос Благословувач и Богородица Избавителка; тие биле отстранети од тоа место и до 1868 г. во целиот храм немало ниедна икона на Христос, а икона на Богородица има само на западниот ѕид.

Во 1725 г. е живописан јужниот ѕид. Во 1845 г. рускиот славист Виктор Григорович („Очерк путешествия по Европейской Турции“) забележал дека храмот има траги од длабока древност иако е подновен. Во него се зачувани 6 столбови од зелен мермер и неколку камења со претстави и грчки натписи. Григорович овде не ги нашол старите грчки и српски документи за кои имал претходни сознанија.Викторъ Григоровичъ. „Очеркъ путешествія по Европейской Турціи“. Москва, 1877.

Црквата настрадала во големиот пожар кој го опфатил Сер во 1849 г.,Кънчов, Васил. Избрани произведения, Том I, София, 1970, стр. 44-45. во кој делумно е уништена мозаичната композиција „Апостолски собор“. Во 1868 г. митрополитот Неофит Серски на местото на чешмата, која пред овој пожар била во јужниот двор и служела за симболично миење на верниците, ја изградил камбанаријата, вградувајќи ја во неа иконата на Христос Благословувач. Внатрешноста е осветлена од три сребрени полилеи — еден со 33 свеќи во три реда во средиштето на наосот, вториот со 9 свеќи пред царските двери и третиот со 30 свеќи веднаш по главниот влез во наосот.

Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за црквата:

Интересни се податоците за храмот од Атанас Шопов, објавени во 1893 г.:

На 28 јуни 1913 г. храмот настрадал од бугарската војска која се повлекувала за време на Втората балканска војна. На почетокот на 1917 г. бугарската окупаторска власт ја симнала иконата на Богородица Избавителка и ја однеле во Бугарија.

Обновителните работи во црквата започнале во 1938 г. под раководство на Анастасиос Орландос и завршиле во 1959 г. под надзор на Евстатиос Стикас. Во 1983 г. храмот е повторно ремонтиран, а во 2008 г. во конхата на жртвеникот е обновен мозаикот „Апостолски собор“ во својот првобитен изглед.

Во 1962 и повторно во 1973 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Надворешни врски

Страница на црквата на културнонаследен портал

Теодор Тирон Стратилат Теодор Тирон Стратилат, Сер Категорија:Споменици на културата во Сер Теодор Тирон Стратилат, Сер