Свети Никола () — средновековна црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа во Серската тврдина. Подигнатa е во XII век за војниците од серскиот гарнизон. Криптата, која се наоѓа на источната страна, служи како гробишта.

На почетокот на 1913 г. Богдан Филов ја посетил Серската тврдина, спомнувајќи ја и црквата:

Во 1925 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

При ископувањата во 1926 г. најдени се остатоци од фрески и наоди поврзани со епохата на Палеолозите. Во 1937 г. црквата е реставрирана врз остатоците на црква од XVII век, но архитектонскиот облик е изменет и реставрацијата се смета за неуспешна.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Надворешни врски

Никола Никола, Сер Категорија:Споменици на културата во Сер