Света Марина и Свети Антониј () — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм. мини|лево|250п|Храмот од исток Црквата е сместена близу градските ѕидини, во маалото Запар Хане, на улиците „Етники Андистаси“ и „Агиос Андониос“. Првично била посветена само на Света Марина, а подоцна е додаден и Свети Антониј. Денес е попозната како „Св. Антониј“. На две мермерни плочи со крст е напишана годината на обнова на црквата — 1826. Во 1977 година при замена на дрвените столбови со бетонски се откриени делови од стариот средновековен храм на Света Марина. Внатре се чува десната ръка на светицата.

Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква, типична за своето време.

Во 1990 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата поради оригиналниот архитектонски стил и неговите украси.

Во парохијата влегуваат и „Св. Фотина“, „Св. Атанасиј и Св. Ефросинија“ и „Св. Никола“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Надворешни врски

Марина и Антониј Марина и Антониј, Сер Категорија:Споменици на културата во Сер