Свети Ѓорѓи Студеноводен () — средновековна манастирска црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Местоположба мини|лево|200п|Црквата од запад Црквата се наоѓа во населбата Свети Бессребреници, на левоиот брег на реката Серовица, на патот за источното предградие Свети Јован. Наречен е „Студеноводен“ (Крионеритис) поради изворот кој некогаш се наоѓал покрај него.

Историја Манастирот е основан пред 1298 г. Во 1344 г. станал метох на манастира „Св. Јован Претеча“, подарен од Ипомони, сопруга на серскиот архонт Сакелариос Мурмурас. Значајно настрадал од Турците во 1572 г., кога му е разбиена елегантната купола, заменета со полутопчест таван, покриен однадвор со четириаголен пирамидален покрив. Веројатно корпусот е ремонтиран во 1864 г., како што сведочи натпис на камен од западната надворешна страна на црквата. Има две икони од голема вредност — „Богородица со Младенецот“ од 1694 г. и „Христос Седржител“, дело на монахот Акакиј.

Неколку икони од 1864 г. — „Благовештение Богородично“, „Свети Јован Претеча“, „Св. Константин и Елена“, „Света Троица“ и „Свети Димитриј“, се дело на зографот Јаков Мелнички. Иконата „Свети Илија“ (1867) во параклисот „Св. Димитриј“ е дело на монахот Јеремија.

Во 1962 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Живопис

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Надворешни врски

Ѓорѓи Студеноводен Ѓорѓи Студеноводен, Сер Ѓорѓи Студеноводен, Сер Ѓорѓи Студеноводен, Сер Категорија:Споменици на културата во Сер Категорија:Појавено во 1298 година