„Летачи на големото небо“ (српскохрватски: Letači velikog neba) — филм од 1977 година, режиран од Маријан Арханиќ по сценариото на Милан Гргиќ. Главните улоги ги играат: Борис Дворник, Звонимир Лепетиќ, Звонимир Торјанец, Карло Булиќ, Антун Врбенски и Милан Штрљиќ. Монтажата е дело на Радојка Танхофер, автор на музиката е Алфи Кабиљо. Филмот ја овоил главната награда на фестивалот на младинскиот филм во Париз.Letači velikog neba, hrvatski film (1977.) (пристапено на 18.6.2022).
Синопсис Во едо мало село, кое се наоѓа во каменест предел, пристига германскиот окупатор. Малиот Анте е голем љубител на гулабите и него го ужаснува глетката во која еден германски војник без никаква причина ги убива неговите гулаби. Дополнителна грижа му задаваат гладните селани кои сакаат да ги уловат птиците за да дојдат до храна. Најпосле, Анте запаѓа во морална дилема кога пристига еден ранет партизан...
Наводи
Категорија:Југословенски филмови Категорија:Хрватски филмови Категорија:Филмови на Маријан Арханиќ Категорија:Филмови на српскохрватски јазик Категорија:Филмови на хрватски јазик Категорија:Филмови за Втората светска војна Категорија:Филмови од 1977 година Категорија:Филмови со Борис Дворник Категорија:Филмови со Звонимир Лепетиќ Категорија:Филмови со Звонимир Торјанец Категорија:Филмови со Карло Булиќ Категорија:Филмови со Антун Врбенски Категорија:Филмови со Милан Штрљиќ