Света Троица () — црква во селото Долно Христос, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Првичната црква е изградена во 1930 г, но кон крајот на векот станала премала за потребите на населението. Во 1986 г. е срушена и на нејзино место е подигнат денешниот храм. Истиот е осветен на 1 април 1995 г. од митрополитот Максим Серско-нигритски. Градбата претставува крстокуполна базилика со нартекс на запад и камбанарија на југозапад.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Троица, Долно Христос Троица, Долно Христос Категорија:Појавено во 1986 година