Свети Ѓорѓи () — црква во селото Бејлик Маала, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Историја Црквата се наоѓа во центарот на селото, близу до старата црква. Осветена е на 12 јуни 1999 г. од митрополитот Максим Серски и отворена на 19 мај 2001 г. Градбата претставува висока крстокуполна базилика, фасадирана со камен. Има висока камбанарија.

Во парохијата влегува и параклисот „Св. Марина“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Бејлик Маала Ѓорѓи, Бејлик Маала Категорија:Појавено во 1999 година