Свети Антониј () — црква во селото Невојлани, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Историја Црквата се наоѓа во центарот на селото. Изградена е во 1904 г. како мала бескуполна базилика. Поради порастот на населението, во 1955 г. е изграден нов храм, отворен на 13 ноември 1974 г. од митрополитот Константин Серски. Градбата претставува трикорабна бескуполна базилика, која на исток завршува со три конхи. Во 1996 г. е дограден нартекс, а малку подоцна започнало и живописувањето на храмот.

Во парохијата влегуваат и храмовите „Успение на пресв. Богородица“ и „Св. Илија“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Антониј, Неволјани Антониј, Неволјани Категорија:Појавено во 1955 година