Свети Ѓорѓи () — црква во селото Геди Дермен, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.
Историја Црквата се наоѓа во центарот на селото. Изградена е во 1925 година од Грците доселеници од Понт. Во 1997 г. почнале да се изведуваат зафати врз храмот како изградбата на припрата, фасадирање со камен и живописување на внатрешноста. Градбата претставува мала куполна базилика.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Ѓорѓи, Геди Дермен Ѓорѓи, Геди Дермен Категорија:Појавено во 1925 година