десно|мини|250x250пкс|Лемнос. Хриси (; во превод Златен), исто така наречен и Лемношки Хриси, ― поранешен мал остров во Егејското Море во близина на Лемнос, спомнат од Хомер и Софокле. До вториот век, ПавсанијаПавсанија, Опис на Грција 8.33.4 и АпијанMithridat. c. 72 et seq. велат дека островот потонал под морето. Нгговата местоположба е непозната.

Се вели дека главната особеност на островот е храмот на Аполон, а божеството заштитник му била божицата Хриси. Грчкиот стрелец Филоктет застанал таму на пат кон Троја и бил каснат од отровница. Лукул таму заробил тројца мажи во заседа за време на Третата митридатска војна. Се чини дека островот исчезнал во вториот век од новата ера. Еден антички пророк (напишан од Ономакрит) можеби го предвидел овој крај.

Делото „Опис на Грција“ вели:

Предложени местоположби Аматерски подводен археолог тврдел дека повторно го открил островот во 1960 година, идентификувајќи го со „потоната копнена маса позната како Харошки Брег, област од 16 квадратни км во близина на островот Лемнос“ (), наведена на британските поморски карти и се наоѓа на околу 12 м под површината. Бели градежни блокови (најверојатно од храмот на Аполон) се вели дека биле видливи на морското дно. Харошкиот Брег се споменува од други како можна местоположба но се чини дека нема понатамошна работа на неа.

Друга теорија предлага дека остатоците од Хриси се на мало островче на само 70–80 м од северниот брег на Лемнос, мештански познато како Варвара (). Иако островчето има „голема концентрација на антички темели и фрагменти од керамика“, и голема тумба на врвот опкружена со ѕидови (најверојатно олтар), тој не е ископан. Очигледно бил поголем во антиката, а големи делови потонале поради тектонската активност.Constantine Lagos, "Lemnian Chryse in Myth and Reality", E. Close, G. Couvalis, G. Frazis, M. Palaktsoglou, M. Tsianikas, eds., Greek Research in Australia: Proceedings of the Biennial International Conference of Greek Studies, Flinders University, June 2007, p. 11–20

Наводи

Дополнителна литература

Една М. Хукер, „The Sanctuary and Altar of Chryse in Attic Red-Figure Vase-Paintings of the Late Fifth and Early Fourth Centuries B.C.“, The Journal of Hellenic Studies. 70 : 35–41 (1950)

Надворешни врски

„Херакле и се жртвува на Хриси“, вазна слика со хришкиот олтар, Виенски музеј на уметност

Категорија:Поранешни острови Категорија:Северноегејски Острови Категорија:Острови во Грција Категорија:Егејското Море во антиката Категорија:Лемност во антиката Категорија:Митолошки острови Категорија:Поранешни населени места во Грција