Тирасија () ― остров во вулканската островска група Санторини на грчките Киклади. Се наоѓа на северозапад од Неа Камени, мал остров образуван во последните векови од вулканска активност, и со тоа го означува средиштето на островската група. Тирасија е втор по големина остров од групата, а најголем е островот Тира.

Тирасија има површина од 9.299 км2 и неговата популација била 319 жители на пописот од 2011 година. Тој е дел од општинската единица Оја (Δημοτική Ενότητα Οίας).

Островите Тира и Тирасија биле разделени со Минојскиот избув.

На Кносос, во контекст на LMIIIA (14 век п.н.е.), седум текстови од линеарното Б, додека ги повикуваат „сите богови“ се грижат да му дадат првенство на неодобрениот ентитет на друго место наречен ке-ра-си-ја и, еднаш, кe-ра-си-јо. Меѓутоа, ова веројатно се однесува на бог или личност наместо на остров Керасија > Терасија.Minoan Qe-Ra-Si-Ja. The Religious Impact of the Thera Volcano on Minoan Crete Во античкото време, островот Тирасија имал истоимен град.

Тирасија е исто така книга на грчкиот поет Димитрис Варос која постанал музички албум и театарска изведба на грчкиот композитор Јанис Маркопулос под наслов Daring Communication - Electric Theseus.

Села

Агија Ирини (население 39 во 2011 година) Агрилија (2) Манолас (160) Ормос Корфу (5) Потамос (113)

Население низ историјата Попис Бројност 1991 233 2001 268 2011 319

Наводи

Надворешни врски

Службена мрежна страница (на германски, грчки, англиски и француски) Службена страница на Facebook (на германски, грчки, англиски и француски)

Категорија:Тирасија Категорија:Санторини Категорија:Острови во Грција Категорија:Земјишни облици во Тира (округ) Категорија:Острови во Јужен Егеј Категорија:Киклади Категорија:Населени места во егејските острови во антиката Категорија:Географски никулци за Јужен Егеј Категорија:Координати на Википодатоците