Свети Ѓорѓи () — црква во селото Геди Дермен, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Историја Црквата е гробишен храм во јужниот крај на селото. Изграден е во 1922 г. на местото на стариот храм уништен за време на Балканските војни. Во изградбата учествувале македонските староседелци и грчките доселеници од Мала Азија и Источна Тракија. За тоа сведочат дарителските натписи на иконите. Подоцна е подигната камбанарија, дрвената женска црква е заменета со армиранобетонска, покривот е нареден со ќерамиди е дограден е отворен нартекс на запад. Во 2001 г. почнало живописувањето на внатрешноста.

Во парохијата влегува и црквата „Св. Евстатиј“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Ѓорѓи, Календра Ѓорѓи, Календра Категорија:Појавено во 1922 година