Свети Мина и Света Недела () — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Храмот е сместен на улиците „Евталија Адам“ и „Акрополис“, во северниот дел на градот. Изграден е врз остатоците од средновековна црква, посветена на Света Недела. Подигнат е во 1837 г. според камената плоча на него. По 50 години е обновен. Изгорел за време на Втората балканска војна во јуни 1913 г. Неговата обнова започнала во 1939 г. благодарение на ктиторката Евгенија Валала, и храмот веќе бил посветен на Свети Мина. Осветен е во 1985 г. оД митрополитот Максим Серски. Во 2007 г. е повторно обновен и живописан од зографот Николаос Голас.

Иконите „Свети Власиј“ (1850) и „Рождество Христово“ (1852) се дело на зографот Јаков Мелнички.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Надворешни врски

Мина Недела Мина Недела, Сер Категорија:Појавено во 1939 година