Свети Дух () — манастир кај селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Манастирот се наоѓа на 2 км северно од Везник, на јужните падини на Сминица. Подигнат е во 1857 г. за време на митрополитот Јаков Серски (подоцна александриски патријарх), крај изворот посветен на Светото Тројство. Според месната легенда, везничките Турци решиле да го преземат изворот, кој го анрекувале Али Блема, за таму да изградат џамија и амам. Мухтарот на Везник повикал кадија од Сер, кој во присуство на христијаните и муслиманите решил дека изворот им припаѓа на муслиманите. Турците изградиле базен и свечено го отвориле, но на свеченоста една млада турска танчерка паднала во него и се удавила. Турците ги срушиле градбите и им дозволиле на христијаните да направат црква. Хамот е подигнат од жителите на Везник и околните села исклучително брзо, при што селаните направиле редица долга 2 км за пренесување на камења од Сминица од рака на рака. Поради оваа брзина, црквата е мала и има архитектонски недостатоци.

Храмот е камена базилика со дрвен покрив и ѕидови дебели 1,1 м. Има должина од 7,85 м и ширина од 4,70 м. Апсидата на исток однадвор е полукружна. Црквата има втора ниша — жртвеник. Под чесната трпеза е светата вода, која тука дотекува од извор неколку метри северозападно од храмот. Наосот е мал и затоа подоцна е проширен со притвор со димензии од 8,3 × 5,6 м и женска црква над него. Покривот на припратата е завршен во 1935 г. Подоцна женската црква е срушена.

За подигањето на храмот сведочат три натписи на мермерни плочи. Два се вградени во јужниот ѕид. Третиот натпис е над главниот влез. Овој натпис ги повторува информациите од претходните и додава дека храмот бил живописан, но дека фреските биле повредени и се одново пресликани во 1939 г. за време на митрополитот Константин Серски. Фреските во наосот и нартексот се конзервирани во 2001 г.

Црквата е живописана. Во неа има неколку вредни икони: „Свети Архангел Михаил“, „Света Троица“ (дело на довишкиот зограф Георгиос Николау), втора икона на Света Троица, „Света Богородица Патеводителка“, „Успение на Пресвета Богородица“, „Исус Христос“, како и „Свети Јован Претеча“ на иконостасот лево од Христос датирана во 1859 г.

Конакот на манастирот е изграден или подновен во 1865 г. според гравираната плоча на него.

Во манастирскиот двор има многувековен чинар широк 11 м, како и три чешми — од 1866, 1876 и 1878 г. Првоспоменатата чешма има вградена римска стела со тракиски коњаник, три женски и две машки глави.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Дух, Везник Дух, Везник Дух, Везник Дух, Везник Категорија:Појавено во 1857 година