Свети Никола () — црква во селото Лужица, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа во денес напуштеното село Горна Лужица. Изградена е во 1750 г. за време на митрополит Самуил според натписот над јужниот влез. Слични се и натписите од црквите „Св. Преображение“ и „Св. Петар и Павле“ во соседното село Костемар, обете од 1745 г. Ова говори за постоењето на работилница за поправка на цркви во околината во тоа време.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Никола, Лужица Никола, Лужица Категорија:Појавено во 1750 година