Свети Димитриј () — црква во селото Шеразмен, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот е сместет во средишниот дел на селото, веднаш до истоимената понова црква. Претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, женска црква и трем од западната и јужната страна. Според натписот на јужниот ѕид, изградена е во 1756 г. Живописот во внатрешноста потекнува од три различни периоди. Главниот дел е од 1810 г., кога храмот е обновен за време на митрополитот Неофит согласно натпис на јужниот ѕид. Внатре на исток во олтарниот простор и апсидата има фрески од крајот на XVIII до почетокот на XIX век. На дрвениот резбан таван над иконостасот е претставен Христос Седржител со херувими, датиран во 1876 г. Иконостасот е изработен во неокласичен стил]] и повеќето од иконите на него се од XIX век. Се издвојуваат царски икони — „Свети Ѓорѓи“, „Свети Димитриј“ и „Свети Врачи“ со релјефни цветни украси и сребрена опкова, како и иконата на Христос Седржител од 1890 г, дело на берскиот зограф Константинос Г. Хаѕинотас.

На 22 септември 1994 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Димитриј, Шеразмен Димитриј, Шеразмен Категорија:Појавено во 1756 година