Воскресение Хрисово или Христос Спасител () — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Јован Милостив“.

Првичниот храм бил еднокорабна црква со дрвен покрив и шешстаголна апсида. Во XVIII век од север, запад и југ е изграден затворен трем, урнат во XX век.

Според ктиторскиот натпис, храмот почнал да го гради Ксенос Псалидас на крајот од ΧΙΙΙ век, и по неговата смрт е довршен од сопругата Ефросина на почетокот на XIV век. Во 1314 г. сопственоста на манастирот „Христос Спасител“ од монахаот Игнатиј Калотет е потврдено со хрисовул од царот Андроник II Палеолог. Во 1315 г. храмот е осветен од епископот Нифонт Берски.

Црквата е зографисана во 1314/5 г. од Георгиос Калиергис. Внатрешноста е поделена на три подрачја. Во најниското се светци во полн раст, во средното и потесно подрачје има бисти на евангелистите, пророци и светци, додека пак во најгорното подрачје има сцени од Дванаесетте празници. Посебно место во иконографијата на храмот зазема претставата на Распетието и Воскресението на Христос, претставено на два лака, обликувани во северниот и јужниот ѕид. Интересна е и фреската на која е претставен монахот Игнатиј Калотетос.

Храмот има фрески и од 1326 и 1355 г. со претстави на месни првенци како Марија Синадини на западната фасада, како и од 1727 г. над надворешната површина на северниот ѕид од првичната црква. На натписите врз тие фрески спомнуваат имиња на жители на градот.

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Надворешни врски

Воскресение Христово Воскресение Христово, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер Категорија:Појавено во 1314 година