Света Петка Блажена () — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Дел е од парохијата на „Св. Јован Милостив“.
Храмот е изграден во XIV век. Првично била еднокорабна градба со дрвен покрив. Претрпела драматични промени во низа интервенции од XV до XVIII век. Со променетиот облик и големина, храмот е претворен во трикорабна базилика. Внатре се зачувани вредни фрески од различни периоди од XIV до XVIII век. Иконите во храмот исто така се вредни, со оригинален израз и живи бои.
Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Петка Блажена Петка Блажена, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер