Пресвета Богородица Перивлептос () — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија, еден од најважните духовни споменици во градот. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Влегува во парохијата на „Големи Свети Бессребреници“.

Црквата е подигната на краојт на XV век како трикорабна базилика со дрвен покрив и претставува прекрасен пример за византиската архитектура од периодот. Внатре се зачувани мал дел од првичните фрески од XV век, како и живопис од XVIII век — „Пресвета Богородица Перивлептос“, „Успение Богородично“, „Крштение Господово“ и „Слегување во адот“. Иконостасот е необичен по морфолофијата и претставувањето на Дванаесетте празници.

Во 1924 г. црквата е прогласена за споменик на културата.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Богородица Привлептос Богородица Привлептос, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер