Стивен Лив, попознат како Ханс Сама, ― француски професионален играч на Лига на легендите за Тим Ликвид, кој игра во Северноамериканската лига (ЛЦС) за Лига на легендите. Ханс претходно играл и за Роуг и за Мисфитс во Европското првенство во Лига на легендите (LEC).

Професионална кариера

Мисфитс Ханс им се придружил на Мисфитс на 16-годишна возраст, во јуни 2016 година. Во тоа време, Мисфитс биле нова организација во Европските предизвикувачки серии (CS). Тимот се пласирал на првото место во регуларниот дел од сезоната на Предизвикувачките серии и се квалификувал за европскиот турнир за унапредување, каде што го победиле ФК Шалке 04 и го освоиле своето место во ЕУ ЛЦС; највисоко ниво на професионална игра во Европа. На крајот на годината, Ханс потпишал 2-годишен договор со Мисфитс, уште пред да одигра натпревар во ЕУ ЛЦС.

Следната година, Ханс и Мисфитс нашле пролетен успех, се квалификувале за плејофот и стигнале до полуфиналето, и во летниот дел, стигнале до финалниот натпревар, пред да изгубат од Г2. Сепак, поради нивното комбинирано четврто и второ место, тимот автоматски се квалификува за Светското првенство во Лигата на легендите во 2017 година како втор носител во Европа. На СП 2017, Мисфитс напредувал во групната фаза со рекорд од 3–3 и се сретна со фаворитите на турнирот СКТ Т1 во четвртфиналето. Иако биле аутсајдери, Ханс и Мисфитс издржале против корејскиот тим, носејќи ја серијата до цели пет натпревари пред да го загубат блискиот петти натпревар, и добиле пофалби од заедницата на лигата за нивниот впечатлив настап, и покрај поразот.

Откако се покажале како претенденти на меѓународната сцена, Мисфитс се претставиле лошо во пролетта 2018 година и ја завршиле регуларната сезона со резултат од 8–10, пропуштајќи го плејофот. Летото тие отскокнале доволно за да се вратат во посезоната, но завршиле на четвртото место откако го загубиле натпреварот за третото место од Вајталити. Поради резултатите на својот тим, Ханс не присуствувал на СП во 2018.

Во 2019 година, Мисфитс собрале впечатлива постава, вклучувајќи ги сОАЗ, Фебивен и ГорилА, додека ги задржале Ханс и Макслор, и се очекувало повторно да бидат конкурентни на меѓународно ниво. Сепак, тимот доживеал неуспех, пласирајќи се на осмото место во пролетта и деветтото во лето, со комбиниран рекорд од 12-21 во годината, без настапи во плејофот и не присуствувајќи на меѓународни настани. На половина пат од летниот дел, Мисфитс го замени целиот почетен состав, вклучувајќи го и Ханс, но не забележале подобрување. Мисфитс се растурил по крајно разочарувачката сезона во 2019 година, а Ханс го напуштил тимот.

Роуг Ханс станал дел од Роуг пред сезоната на Европското првенство во Лига на легендите 2020 година. Во пролетниот дел, Роуг влегол во плејофот, освојувајќи го последното место со резултат 9-9, но загубил во второто коло. Меѓутоа, во летниот дел, Роуг, со резултат 13-5, го освоил првото место во LEC и се квалификуваl за СП 2020. Но, во првата рунда од плејофот, тие беа поразени од Фнатик и паднаа во долната заграда. Тие ја освоиле својата следна серија против МАД Лајонс, пред да загубат од Г2 и да завршат на третото место, со што станаа третиот европски тим што ќе оди на Светското првенство. На турнирот, Роуг забележа резултат 1-5 во групната фаза, пласирајќи се на последното место во нивната група и завршувајќи на 13-14-то место.

Во јануари 2021 година, Ханс го продолжи договорот со Роуг до крајот на сезоната 2022 година. Кога започна пролетниот дел, Ханс и Роуг уште еднаш уживаа успех во регуларната сезона, постигнувајќи резултат 14–4 и се изедначија со Г2 за најдобар рекорд во ЛЕЦ. Во плејофот, и покрај тоа што го загубија својот прв натпревар од МАД Лајонс, Роуг ги порази ФК Шалке 04 и Г2 за да се пласира во финалето, каде што го загубија својот реванш против МАД Лајонс во тесна серија од 5 натпревари. Во летниот дел, Роуг ја завршил регуларната сезона на прво место, со 13–5, означувајќи го третиот по ред дел во кој тимот на Ханс освоил 13 или повеќе натпревари. Во плејофот, Роуг го победил Мисфитс во првото коло, со што се квалификувале за Светското првенство во 2021 година, пред да бидат совладани од МАД Лајонс и Фнатик, со што се пласирале на третото место. На СП 2021, Роуг биле извлечени во Групата А, која ги содржеше и фаворитите на турнирот и победниците на двете претходни Светски првенства: Кинескиот ФанПласФеникс и Корејскиот Дамвон Киа. Оваа група беше наречена „Група на смртта“ од медиумите, и заедно со Клауд9 од Северна Америка, не се очекуваше Роуг да може да напредува. Меѓутоа, на крајот од двојната рунда, Дамвон имал резултат од 6-0, додека другите три тима, вклучувајќи го и Роуг, биле изедначени на 2-4. Изненадувачки, Роуг го победи FPX во првиот решавачки натпревар, пред да загуби од Клауд9 во вториот, не успевајќи да се квалификува за нокаут фазата.

Тим Ликвид По завршувањето на СП, Тим Ликвид од ЛЦС го купиле Ханс Сама од Роуг, откупувајќи го неговиот договор за необјавена сума. На претсезонскиот Лок-Ин турнир, Ханс не играл на сите натпревари бидејќи тимот го ротирал својот список. Поддршката на Тим Ликвид и ботлејн-партнерот на Ханс, КорЏејЏеј, сè уште го немал добиено својот зелен картон, а тимот можел да настапува само со двајца играчи што не се жители, затоа тимот ротираше помеѓу Бвипо, Ханс и КорЏејЏеј. И покрај тоа што го немале својот целосен список, Тим Ликвид го освоиле турнирот Лок-Ин, победувајќи ги Ивл Џиниусес со 3-0 во финалето. На 16 февруари, КорЏејЏеј го доби својот зелен картон.

Наводи

Категорија:Играчи на Лига на легенди Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1990-тите Категорија:Играчи на Миститс Гејминг Категорија:Играчи на Тим Ликвид Категорија:Француски играчи во еспорт