Елизабет Борн (),(, ) - француска политичарка кој ја извршувала функцијата премиер на Франција од 16 мај 2022 до 9 јануари 2024 година.

Градежен инженер, владин функционер и менаџер на државни претпријатија во транспортниот и градежниот сектор, Борн претходно била министер за транспорт (2017–2019) и министер за екологија (2019–2020). Потоа била министерка за труд, вработување и интеграција во владата на Кастекс од 2020 до 2022 година. На 16 мај 2022 година, претседателот Емануел Макрон ја назначил за следен премиер на Франција, по оставката на Кастекс како што е традиција по претседателските избори во Франција. Борн е втора жена на оваа позиција по Едит Кресон, која била премиерка од 1991 до 1992 година. Членка е на партијата на Макрон Ренесанса и на централно-левичарската партија Територии на напредок.

Детство и образование Борн е родена во Париз на 18 април 1961 година. Нејзината мајка, Маргерит Лесен, била фармацевт. Нејзиниот татко, Жозеф Борнштајн, син на Зелиг Борнштајн од Луков (поранешна руска Полска), бил еврејски бегалец без државјанство, кој е роден во Белгија, потоа, на почетокот на Втората светска војна побегнал во Франција; бил активен во Отпорот и бил депортиран, но го преживеал концентрациониот логор Аушвиц и маршот на смртта. Бил натурализиран како Французин во 1950 година и го променил презимето во „Борн“. Нејзините родители по војната воделе фармацевтска лабораторија. Заради смртта на татко ѝ кога имала 11 години го добила „Ученик на нацијата“, образовна придобивка која државата им ги доделувала на малолетници кои имале родител повреден или убиен за време на војна, терористички напад или додека давале одредени јавни услуги.

Борн учела во средното училиште во Лицеј Жансон-де-Саји во Париз. Подоцна, влегла во École Polytechnique (Политехничка школа, класа од 1981 година). Во 1986 година, ја добила својат инженерска диплома во градежништвото од École nationale des ponts et chaussées (Национална школа за инженерство на патишта и мостови) и една година подоцна магистер по бизнис администрација (MBA) од Колеџот на инженерите .

Наводи

Надворешни врски Елизабет Борн на Gouvernement.fr

Категорија:Премиери на Франција Категорија:Француски политичари Категорија:Витези на Легијата на честа